• недела, 29 декември 2024

Абдицираната данска кралица Маргрета Втора примена во болница откако паднала во својот дом

Абдицираната данска кралица Маргрета Втора примена во болница откако паднала во својот дом

Копенхаген, 19 септември 2024 (МИА) - Абдицираната данска кралица Маргрета Втора е хоспитализирана по пад во нејзиниот дом, објавија данските медиуми.

Маргрета Втора, која има 84 години, беше примена во универзитетската болница во главниот град Копенхаген и останува под опсервација. Данските медиуми јавуваат дека таа е во добра состојба.

Таа требаше утре да учествува на настан по повод 75-годишнината на Катедрата за археологија на Универзитетот во Архус, но нејзиното учество е веќе откажано.

Маргрета Втора студирала праисториска археологија на Универзитетот во Копенхаген и неколку пати во минатото изјави дека ќе станеше археолог доколку не беше монарх на Данска.

Во јануари, кралицата Маргрета стана првиот дански монарх кој абдицира во речиси 900 години. Таа го отстапи тронот на нејзиниот син, престолонаследникот Фредерик. паг/

Фото: МИА архива

 



Остани поврзан