АБА лигата најостро го осудува инцидентот во Задар
- По шокантните сцени што се случија во Задар во саботата вечерта и нападите врз новинарите и членовите на делегацијата на Црвена ѕвезда, во пресрет на натпреварот од седмото коло од АБА лигата меѓу Задар и белградскиот тим, АБА лигата најостро го осудува секој аспект на насилство и расна, сексуална, верска, национална и секаков друг вид дискриминација, стои во соопштението на регионалната кошаркарска лига.

Задар, 12 ноември 2023 (МИА) - По шокантните сцени што се случија во Задар во саботата вечерта и нападите врз новинарите и членовите на делегацијата на Црвена ѕвезда, во пресрет на натпреварот од седмото коло од АБА лигата меѓу Задар и белградскиот тим, АБА лигата најостро го осудува секој аспект на насилство и расна, сексуална, верска, национална и секаков друг вид дискриминација, стои во соопштението на регионалната кошаркарска лига.
Воедно, АБА лигата се придружува на апелите на Задар и Црвена ѕвезда до хрватското Министерство за внатрешни работи, со намера што поскоро да се испитаат сите детали за нападот, а организаторите и сторителите на инцидентот да бидат уапсени и кривично гонети во согласност со законите на Република Хрватска, каде што се случиле нападите.
- Истовремено, преку комуникација со клубовите и други безбедносни фактори, АБА лигата ќе направи се за натпреварот од 7. коло меѓу Задар и Црвена ѕвезда да помине без ниту еден инцидент и сите уште еднаш да покажеме дека тоа беше изолиран случај, кој фрла сенка на сите постулати на АБА лигата и темелите на кои е основана. Убедени сме дека заедно ќе победиме во оваа борба и дека, исто како и досега, АБА лигата ќе продолжи да поврзува, а не да ги дели луѓето, стои во соопштението на АБА-лигата.
Инцидентот се случи синоќа во Задар, каде во два одвоени напади на физичко насилство беа изложени членови на раководството на Црвена ѕвезда и новинари од Србија. зс/
Фото: АБА-лига