• петок, 21 јуни 2024

АБА-лига: МЗТ Скопје ја изненади Цедевита Олимпија и ги зголеми шансите за опстанок

АБА-лига: МЗТ Скопје ја изненади Цедевита Олимпија и ги зголеми шансите за опстанок

Скопје, 4 февруари 2023 (МИА) – Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен забележа значајна победа над фаворитот Цедевита Олимпија.

Аеродромци во најголем дел од натпреварот беа подобар противник и имаа водство кое на моменти беше двоцифрено за конечни 79:74.

Засилувањето Кеандре Кук со 26 поени имаше одлично деби пред домашните симпатизери. Војдан Стојановски со 18, Мајк Кефи со 14 и Абдул-Малик Абу со 10 беа играчите со двоцифрен ефект.

Ова е трета победа за МЗТ Скопје по 18 одиграни натпревари во регионалната АБА-лига. Тимот од Аеродром и натаму е последен на табелата, но оваа победа може да биде поттик дека може да се избори опстанок. зс/ 

Остани поврзан