• недела, 22 декември 2024

 Словенечката влада го испрати до Парламентот предлогот за признавање на Палестина

 Словенечката влада го испрати до Парламентот предлогот за признавање на Палестина

Љибљана, 30 мај 2024 (МИА) - Словенечката влада го усвои предлогот за признавање на државата Палестина и го испрати до Парламентот на конечно одобрување, изјави денеска по седницата на Владата словенечкиот премиер Роберт Голоб.

Се очекува собранието да гласа за предлогот следната недела, со што би се комплетирал процесот на признавање на државата Палестина од Словенија, пренесе агенцијата СТА.

Голоб нагласи дека одлуката не е насочена против никого, вклучително и против Израел, туку дека тоа е порака за мир.

-Убеден сум дека и другите земји ќе го следат овој пример и дека целиот свет мора да работи на мир и решение со две држави, рече тој.

Владата ја започна процедурата за признавање на Палестина на 9 мај, најавувајќи дека ќе испрати предлог до Парламентот најдоцна до 13 јуни и соопшти дека признавањето ќе се темели на израелско-палестинските граници од 1967 година, што значи дека државата Палестина го вклучува и Појасот Газа. , Западниот Брег и Источен Ерусалим.

Шефицата на словенечката дипломатија, Тања Фајон, истакна дека неколку земји од ЕУ размислуваат да го сторат истото, откако Шпанија, Норвешка и Ирска ја признаа Палестина претходно неделава. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан