Евро-Атлантски Совет: Веќе 75 години сојузниците на НАТО работат да ја зачуваат безбедноста
- СООПШТЕНИЕ - Во 1949 година, со потпишувањето на Вашингтонскиот договор, НАТО беше формиран како „штит против агресија и страв од агресија“. Веќе 75 години, сојузниците на НАТО работат заедно за да го зачуваат својот народ безбеден.
Скопје, 4 април 2024
Во 1949 година, со потпишувањето на Вашингтонскиот договор, НАТО беше формиран како „штит против агресија и страв од агресија“. Веќе 75 години, сојузниците на НАТО работат заедно за да го зачуваат својот народ безбеден.
Во текот на 75те години од своето постоење, Алијансата успеа да издржи предизвици, да ја прошири својата улога и мисија, па и значително да порасне во големина. Силната врска меѓу Европа и Северна Америка и умешноста да се трансформира го направи НАТО најуспешниот политичко-воен сојуз во светот. Од 12 основачки земји членки, денес на 32 сојузници, НАТО обезбедува мир и безбедност за над една милијарда луѓе од двете страни на Атлантикот.
НАТО е одбранбена алијанса, врзана со нашата заедничка историја, вредности и цели. Нашата земја како членка, заедно со уште триесет и еден сојузник од целиот свет се обединети во одбрана на слободата и демократијата и правилата засновани на меѓународниот поредок.
НАТО е Алијанса на вредности. Тоа е постојана коалиција на демократии, со сите политички, воени и дипломатски предности што тоа ги носи. Членството во НАТО го обезбедува и суверенитетот на една земја. Сите сојузници на НАТО добиваат еднакво место на масата и стануваат дел од процесот на донесување одлуки за обликување на политиките на НАТО. Членството во НАТО обезбедува најефикасна одбрана на достапен начин, а само членките на НАТО ги уживаат придобивките од колективната одбрана. Стабилноста што ја носи членството во НАТО го поткрепува просперитетот за нацијата што пристапува и за регионот пошироко.
Придобивките за Македонија се јасни. Земјата се приклучи на најуспешниот сојуз во историјата и доби место и рамноправен глас. Членството во НАТО значи да имате уште триесет и една земја посветени да ве заштитат и бранат од кој било агресор. Безбедноста е исто така основа на просперитетот.
Како Евро-Атлантски Совет, заедно со нашите партнери од целиот свет, ќе продолжиме да ги промовираме евро-атлантските вредности во нашето општество, со цел унапредување на демократијата, слободата, човековите права, развојот и безбедноста на нашите граѓани.
Стоејќи заедно, ние сме посилни и побезбедни. Ние сме НАТО!
Евро-Атлантски Совет на Северна Македонија
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива