Во втората половина од 2024-та приходите од Царина со раст од 13,8 процети, од акциза за 8,9 проценти, случаите на заплени со 100 проценти раст
- СООПШТЕНИЕ - Во втората половина од 2024 година Царинската управа наплати над една милијарда евра приходи. Притоа приходите од царина бележат раст од 13,8%, од акциза за 8,9%, а од данок на моторни возила за 20%. Бројот на случаи на заплени при откриени сторени прекршочни и кривични дела е зголемен за повеќе од 100% во однос на истиот период 2023 година. До ОЈО во цела 2024 година поднесени се вкупно 89 кривични пријави, при што само во втората половина од годината се поднесени 69 кривични пријави за 37 правни и 101 физичко лице. Поднесени се и 766 прекршочни пријави, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на брифинг со новинари одржан денеска во Министерство за финансии заедно со министерката за финансии и директорите на органите во состав на Министерството.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.