• четврток, 09 мај 2024

 Битиќи од Старо Нагоричане: Со над 2,6 милијарди евра ги заштитивме граѓаните и бизнисите во најголемата криза

 Битиќи од Старо Нагоричане: Со над 2,6 милијарди евра ги заштитивме граѓаните и бизнисите во најголемата криза

 

29 февруари 2024 

Вечерва во Старо Нагоричане се отвори новиот промотивен штаб на Социјалдемократскиот сојуз каде се обрати потпретседателот, Фатмир Битиќи, кој потсети на духот на социјалдемократијата кој осигура дека во најголемите кризи никој не беше оставен сам, ниту изоставен.
 

„Со над 2,6 милијарди евра го заштитивме животниот стандард на граѓаните, ги поддржавме приватните бизниси да ги зачуваат работните места на своите вработени.
Спречивме цените да не експлодираат, куповната моќ на граѓаните не дозволивме да биде пеплосана. Обезбедивме повластена стапка од НУЛА - ДДВ за основните прехранбени продукти, поради тоа на рафтовите од продавниците купувавте поевтин леб, шеќер, брашно, масло за јадење, млеко, месо, ориз и јајца. Профитот на овие продукти беше и замрзнат“, кажа Битиќи
 

Тој дополни дека во деновите кога енергетската криза беше надвисната како темни облаци над Македонија, кога цената на струјата се закануваше да внесе мрак во домовите, владата предводена од СДСМ обезбеди субвенции за над 600.000 домаќинства.


„Обезбедивме субвенции за струја, спречивме сметките да се вивнат како оган нагоре. Субвенциониравме и уште субвенционираме до 90% од трошокот за струја на секое семејство. СДСМ не дозволи животот на граѓаните да се претвори во економски и социјален кошмар.“ – рече Битиќи.

„Одлучност СДСМ да го мобилизира гласот на граѓаните и да победиме на претседателските и парламентарните избори. Победата е избор, затоа СДСМ нема да побегне од тој избор. Ќе победиме и ќе ја водиме државата таму каде што заслужува, во Европа.


Но дозволете ми да бидам јасен, во прашање се два дена, 24 април и 8 мај, кога вашиот глас и гласот на сите граѓани и граѓанки нема да биде само заокружување со пенкалото на гласачко ливче, тоа ќе биде инвестиција во иднината на нашите деца, тоа ќе биде влог во градењето на подобра сегашност за генерациите што доаѓаат. Кренете го и ширете го добриот глас кој го оставиме зад себе. “– рече потпретседателот Битиќ


 


Скопје, 29 февруари 2024 

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

фото:СДСМ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан