• среда, 15 април 2026

Венс ијзави дека амеиканско-иранските преговори донеле „значаен напредок“

Венс ијзави дека амеиканско-иранските преговори донеле „значаен напредок“

Вашингтон, 14 април 2026 (МИА) – Разговорите меѓу САД и Иран донеле „значителен напредок“, иако не е постигнат конечен договор, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Венс во изјавата за американската телевизија „Fox News“ рече дека не може да каже оти преговорите тргнале наопаку. „Напротив, имаше и позитивни моменти. Постигнавме голем напредок“, изјави додавајќи дека иранската страна направила одредени, но недоволни отстапки.

Преговорите одржани викендот во Истамабад траеа околу 21 час, како обид да се постигне договор за окончување на конфликтот на Блискиот Исток.

Венс не прецизираше кога преговорите би можеле да продолжат, посочувајќи дека „топката е на иранска страна“. Тој нагласи дека контрола врз збогатениот ураниум на Иран и воспоставување механизам за проверка за да се спречи развој на нуклеарно оружје се клучните „црвени линии“ за Вашингтон.

Според него, разговорите завршиле без договор бидејќи иранските преговарачи не успеале да постигнат конечен компромис, но истовремено дале подобар увид во тоа кој ги носи клучните одлуки во Техеран.

Од Пакистан најавија дека ќе продолжат да ја играат улогата на посредник во дијалогот меѓу двете страни. Премиерот Шехбаз Шариф изјави дека се работи на надминување на разликите по „неколку прашања“.

Пакистан во изминатиот период се позиционира како клучен посредник меѓу Техеран и Вашингтон, имајќи значајна улога и во постигнувањето на двонеделното примирје објавено минатата недела. аб/јт

фото/МИА архива

Остани поврзан