• недела, 28 јули 2024

Oпштина Градско почна со монтажа на нова урбана опрема

Oпштина Градско почна со монтажа на нова урбана опрема

Велес, 30 март 2021 (МИА) - Општина Градско почна со монтажа на нова урбана опрема - нови корпи за отпадоци во прва фаза, а во втора фаза ќе бидат монтирани и нови клупи  во централното подрачје на Градско, од влезот на училиштето Даме Груев до крајот на плоштадот.

Како што информираат од Општина Градско, старите клупи од плоштадот ќе бидат реконструирани и преместени во паркот во централното подрачје на Градско.

Од Општина Градско велат дека целта е да се придонесе за почисто Градско и разубавување на катчиња за одмор на жителите со нови клупи, каде во овие пролетни денови жителите ќе можат да одморат на отворен простор. ад/мд/

Остани поврзан