Oд верските календари
- 9 април 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 март. Денеска е Св.мач. Матрона.
9 април 2020 (МИА)
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 март.
Денеска е Св.мач. Матрона.
Света Матрона беше по потекло од Солун, од сиромашно семејство. Беше слугинка во домот на еден солунски Евреин. Света Матрона не ја криеше својата вера во Христа и поради тоа многу претрпе од господарката на домот. Поради нејзината вера во Христа, господарката ја затвораше во темна соба и ја измачуваше со глад. А која најпосле господарката ја остави да умре од глад, го зеде телото на света Матрона и го исфрли од својата куќа. Солунските христијани го зедоа телото на маченицата и го погребаа, а кога почнаа да се случуваат чуда на гробот на света Матрона, на тоа место беше подигната црква посветена на нејзиното име.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Велики Четврток.
Вечерва Католичката црква го слави споменот т.е. денот кога Исус ја востановил светата миса. На денешен ден, пред две илјади години, во просторијата на Последната вечера тој над лебот рекол: Земете и јадете сите, тоа е моето тело кое за вас ќе се предаде. Над виното ги изговорил зборовите: Земете и пијте сите: Ова е мојата крв на новиот и вечниот сојуз која ќе се пролие за вас и за сите луѓе при простувањето на гревовите. Ова правете го во спомен на мене. Тогаш Исус востановил два сакрамента: света Миса и свештенички Ред. На Последната вечера, Исус на своите апостоли им дал власт да го прават истото т.е. да ја слават света Миса. Според светата Миса, Исус покажува дека е присутен меѓу нас. Тоа на посебен начин ја чувствуваат тие чисти и свети христијански души кои го примааат во света причест.
###