• понеделник, 23 декември 2024

Oдбележани 118 години од саможртвата на гемиџиите 

Oдбележани 118 години од саможртвата на гемиџиите 
Велес 26 април 2021 (МИА) - Со положување цвеќе пред споменикот  Гемиџии кај Мало Мовче на левата страна од Велес, делегација од Општина Велес денеска  ја одбележа 118-годишнината од саможртвата на велешките херои - гемиџиите и се поклони на нивниот херојски подвиг. На крајот од април 1903 во Солун, кружок на млади македонски интелектуалци кои се нарекле гемиџии, поголемиот дел од нив од Велес, со серија акции во кои самите тие биле жртви, сакале да го свртат вниманието на големите европски сили кон Македонија поробена од Турците. По 118 години од солунските атентати, Велес и велешани со длабока почит се сеќаваат на храбрите подвизи на: Јордан Поп Јорданов-Орцето, Димитар Мечев-Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, како и на нивните соборци. Поради состојбата со коронавирусоти оваа година како и лани изостана прослава со помасовно присуство на повеќе делегации, граѓани и здруженија. ад/хс/ 

Остани поврзан