• вторник, 19 ноември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
17 ноември 2020 Народни умотворби Благослови 1. Аирлија да ви е пазаро! 2. Аирлија да ви е радоста! – Амин, брате, и на ваша куќа! 3. Аирлија да ти е полазо; од тебе сефте, од Госпо бериќет! 4. Аирлија да ти е сефтето! – Ајде така нека е, од мене сефте од Госпо бериќет. 5. Аирлија пазар, со пари аз’р! На шака така се боаошава кога да нема пазар. 6. Ај Господ нека ми те блаосои синко, и ум и разум да ти даит! 7. Ај да си ми блаосоен (али: да си ми блаосоен!) Овој благослов се дава и од поп и од мирјанин, кога му се прогоори на попо некој убав збор, али да му се напраи некоја шака, тогаш ќе му рече: - Ајда си ми блаосоен, бре чоече, што ме насмеа! Д ругио блаосов се дава од поп кога ќе му рече мирјанино: - Блаосој ме, оче! - Да си ми блаосоен, рисјанине! 8. Ајде и на голема радос да исчекаме. Во свршуачка кога да го свршат некое момче али мома, и ќе врзат подолго време за свадбата, тогај така ќе се блаошава. - Ајде така да речи Госпо, да исчекаме и на ваши куќи! Ајде и на наши куќи да ни даит Госпо ваква радос, али и на ваши куќи! 9. Ај да како е Госпо, не е никој! Кога му се плачи еден на другио првио гајрет му дава. 10. Ајде нека ви е радоста аирлија, и еднаш страмно за веко, и здравица ви. 11. Ајде нека речи Госпо да сме здрави и живи и да дочекаме вакви дни и до година. 12. Ајде нека речи Госпо да сме здрави, та лесно ќе испостиме Великите пости. 13. Ако сака Госпо да го блаосои бериќето, ако не врни, па ќе ни се стори! – Божи блаосов коа да има и во снопо го умножуа! 14. Ако сака Госпо сполај му, зимото лето го праи. 15. Ако сме ние сиромаси, Господ ни е богат. 16. Алаверс’н, алаверс’н. 17. Кога се вали некој со нешто оти има, другио ќе му вели: Дај Боже да имаш, дај Боже! 18. Алаверс’н јамур јас’н! (Да даеше Госпо дож да заврни!) Кога го блаошава некој некого со некое добро да му даит Госпо, што не бидуат, тогај ќе му речи таков блаосов. 18. Ама арен бериќет даде Госпо, сполај му нему! - У Бога се има, сполај му. 19. Ангело да ти седи на рамена, и од лошо да те чуа! 20. Дал ти Господ стребро и злато! 21. Да си ми блаосоен како овен! За на шака блаосов се дава вака. 22. Камен и дрво, синко, да ватиш, стребро и злато да ти биди. Мајчин блаосов. „И другаш сум кажал за некој учени луѓе у нас што знаат да блаошаваат било на свадба, било на сведен, кога ќе ја земат чашата во левата рака и со десната ќе почнат да се крстат и да блаошаваат, да ти е мило и драго да и слушаш. На таа трпеза кај што има некој поп, али некој мирјанин што да знај да блаошава убаво и много, домаќино на трпезата и тукуречи сите што слушаат, арно в очи му се пулат и со десната рака на градите стојат и на секој збор амин викаат и сите се уверени оти сет од тој блаосов Госпо ќе му дај триста добриње на куќата од домаќино, и тукуречи сите што го слушаат блаосоот од арнио пријател што блаошава, сите ќе бидат благодарни и со голема надеж ќе си одат дома мислејќи оти тој блаосов и во нивните куќи ќе му биди.“ Од записите на Марко Цепенков. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан