• среда, 27 ноември 2024

Nvidia постигна пазарна вредност од два трилиона долари

Nvidia постигна пазарна вредност од два трилиона долари

Вашингтон, 23 февруари 2023 (МИА) - Американскиот производител на чипови Nvidia стана една од највредните технолошки компании во светот откако вредноста на акциите на оваа компанија порасна до два трилиона долари.

Пазарната капитализација на компанијата ја достигна оваа вредност денеска на отварањато на берзите во САД, застанувајќи веднаш до Мајкрософт и Епл, кои се највредните компании во светот.

Успехот на компанијата се должи на нејзината улога на снабдувач со моќни комјутерски чипови што се потребни за изградбата на новите програмски системи засновани на вештачка интелигенција.

Вредноста на компанијата од еден трилион долари до два трилиони порасна само за осум месеци. Компанијата постои 24 години.

Главниот производ на Nvidia се GPU (graphics processing units - уреди за процесирање на графика). Овие чипови вредат и по десетици илјади долари за еден уред, станаа ретки и се еден од најбараните стоки во Силиконската долина моментално. Според проценките, Nvidia држи повеќе од 80 отсто од пазарот со овие уреди.

Последните модели на овие производи се клучни во развојот на системите за вештачка интелгенција, револуција во технолошкиот сектор за што инвеститорите се согласија дека има возбудлива иднина. кб/сд/

Остани поврзан