• петок, 22 ноември 2024

Дебата во организација на Аналитичкиот истражувачки центар на ДУИ, по повод Денот на албанската азбука

Дебата во организација на Аналитичкиот истражувачки центар на ДУИ, по повод Денот на албанската азбука

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - По повод 22 ноември, Денот на албанската азбука, денеска  Аналитичкиот истражувачки центар на Демократската унија за интеграција „Абдилаќим Адеми“, организира дебата под наслов „Службен албански јазик - столб на Охридскиот договор“.

Дебатата, како што соопштија од ДУИ, ќе се фокусира на тековните предизвици и закани со кои се соочува Охридскиот мировен договор, неговото значење за стабилноста и развојот на нашата држава, како и идните чекори за негово зачувување и унапредување.

Како панелисти се најавени Бујар Османи, потпретседател на Демократската унија за интеграција, Никица Корубин, поранешна пратеничка и политички аналитичар, Агим Нухиу, универзитетски професор и Ивон Величковски, политички лидер на Движењето за Нова Република. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан