• вторник, 24 декември 2024

EК одобри 25,5 милиони евра државна помош за реструктуирање на „Бугарските пошти“ 

EК одобри 25,5 милиони евра државна помош за реструктуирање на „Бугарските пошти“ 

Брисел, 2 јули 2024 (МИА) - Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева), јави дописникот на МИА од Брисел.  

Се очекуваа оваа помош да му овозможи на претпријатието да обезбеди долгорочна одржливост, притоа минимизирајќи ги влијанијата врз конкурентноста. 

„Бугарските пошти“ лани во мај добија кредит од државата во износ од приближно 26,5 милиони евра, по што во декември Бугарија ја извести Европската комисијата дека на претпријатието ќе му биде потребна дополнителна помош за реструктуирање.  

Планот за реструктуирање опфаќа пакет мерки за рационализација на активностите на „Бугарските пошти“, оптимизирање на нејзината мрежа и намалување на трошоците. Паралелно, се превидува претпријатието да воведе дополнителни услуги, како телемедицина (обезбедување и поддршка на здравствената заштита со помош на ИКТ) и административни услуги преку неговата мрежа за потребите на други јавни субјекти. 

Според извршната потпретседателка на Европската комисија за конкурентност Маргрете Вестагер, оваа помош ќе им овозможи на бугарските граѓани пристап до подобри универзални поштенски услуги.  

- По нашата проценка, заклучивме дека планот за реструктуирање на „Бугарските пошти“ ќе обезбеди одржливост на претпријатието на подолг рок, истакна Вестагер. 

Според неа, за да се ограничат можните нарушувања на конкурентноста предизвика од државната поддршка, „Бугарските пошти“ се обврзани да обезбедат пристап до својата мрежа на други оператори кои се активни во универзалните и неуниверзалните поштенски услуги. сп/

Фото: Бугарски пошти

Остани поврзан