• вторник, 24 декември 2024

„Гардијан“: Северна Македонија со победа над Грузија го оствари сонот за пласман на ЕП

„Гардијан“: Северна Македонија со победа над Грузија го оствари сонот за пласман на ЕП
Лондон, 12 ноември 2020 (МИА) – Пласманот на македонските фудбалери на Европското првенство не остана незабележан и од светските медиуми. Британскиот весник „Гардијан“ пишува за остварениот сон на Горан Пандев и неговите соиграчи. - Северна Македонија се пласираше на Европското првенство следната година. Тоа е нивниот највреден резултат и прво големо натпреварување. Обезбедено е по победата на гостувањето кај Грузија во Тбилиси со 1:0. Горан Пандев, најдобриот играч на неговата нација и водечки стрелец на сите времиња, ја го постигна победничкиот гол во 56-та минута од средбата. Триесет и седумгодишниот  фудбалер беше во солзи по последниот свиреж на судијата, бидејќи него и на неговите соиграчи им се исполнија соништата, објави  Гардијан. Противници на македонските фудбалери во Ц-групата на ЕП 2020 коешто е одложено за идната година, ќе бидат Австрија, Холандија и Украина. зс/

Остани поврзан