• вторник, 24 декември 2024

Џони Мичел со концерт-изненадување првпат по 20 години

Џони Мичел со концерт-изненадување првпат по 20 години

Лос Анџелес, 26 јули 2022 (МИА) - Познатата канадска поп-фолк пејачка Џони Мичел, која има проблеми со здравјето од 2015 година, поради аневризма, одржа изненадувачки концерт на фестивалот „Њупорт“ во истокот на САД - нејзиниот прв целосен концерт по 20 години.

Пејачката, која е некаде при крајот од осмото десетлетие од својот живот, испеа и дует со кантри-ѕвездата Бренди Карлајл. Ветеранката изведе 13 песни, вклучувајќи ги и хитот „A Case of You“ и соло-електричната гитара со „Just Like This Train“. https://www.youtube.com/watch?v=F8PfSzwA-Y4 Таа веќе се качи на сцената оваа година кога беше почестена од колегите изведувачи во Лас Вегас на галата „Мјузик-кејрс“, којашто им претходеше на Греми-наградите. Сепак, сега, првпат од 2002 година, таа одржа целосен концерт. Во 2015 година, Џони Мичел беше делумно парализирана поради пукната аневризма и не можеше да зборува некое време. Џони Мичел беше главна фигура во поп-фолк-рок генерацијата од 1960-тите, со хитови како „Big Yellow Taxi“, „Both Sides, Now“ и „Woodstock“.  си/

Остани поврзан