Џоб Белингам прогласен за Најдобар млад играч во Чемпионшип лигата на Англија
- Помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, Џоб, е прогласен за Најдобар млад играч на сезоната во Чемпионшип лигата на Англија.

Сандерленд, 28 април 2025 (МИА) - Помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, Џоб, е прогласен за Најдобар млад играч на сезоната во Чемпионшип лигата на Англија.
Фудбалерот на Сандерленд покажа извонреден напредок оваа сезона, а „црните мачки“ сè уште се борат за промоција во Премиер лигата.
Џоб Белингам (19) изгледа дека ќе ги следи фудбалските стапки на својот постар брат, а наводно Борусија Дортмунд е заинтересирана да за неговиот потпис.
-Многу сум благодарен за наградата. Беше навистина добра сезона и само се обидов да учам од моите соиграчи и да го дадам најдоброто што можам. Одлично е да се игра за толку голем клуб како Сандерленд. Огромна е можноста да се игра пред толку многу навивачи секоја недела, тие се одлични, рече младиот играч, кој е во Сандерленд од 2023 година. дс
Фото: Принтскрин