• понеделник, 23 декември 2024

Џим Кери со роденденска порака до „белите шовинисти“ меѓу републиканците

Џим Кери со роденденска порака до „белите шовинисти“ меѓу републиканците
Лос Анџелес, 18 јануари 2021 (МИА) - Американскиот комичар Џим Кери го одбележа својот 59-ти роденден, со слика од упадот во Капитол и порака до белите шовинисти. „Денеска ќе станам 59-годишен млад човек. А, кога подоцна ќе ги дувам свеќите, ќе посакам да се стави крај на пандемијава, да видам што помалку Американци коишто ги продаваат своите души за куп лаги и ГОП (американската Републиканска партија), еднаш засекогаш да ги исчисти своите редови од бели шовинисти!“, напиша глумецот на Твитер. На крајот од пораката, во негов комичарски стил, додава: „А, да, и еден од подароците да биде ’Зинк маршмелоу’!“ си/

Остани поврзан