Џеј Џеј Редик ги презема Лејкерси
- Џеј Џеј Редик е новиот тренер на ЛА Лејкерс, а според американските медиуми тој се договорил за четиригодишен договор со споменатиот тим.

Лос Анџелес, 21 јуни 2024 (МИА) - Џеј Џеј Редик е новиот тренер на ЛА Лејкерс, а според американските медиуми тој се договорил за четиригодишен договор со споменатиот тим.
Како што понатаму се наведува, Лејкерси го избрале Редик поради неговата добра поврзаност со играчите, а сите веруваат дека тој ќе успее успешно да ја одработи својата прва тренерска работа со елитен тренерски штаб.
Редик е поранешен играч на Орландо, Милвоки, Клиперс, Филаделфија, Њу Орлеанс и Далас. Тој беше избран за тренер на Л.А. Лејкерс откако понудата на клубот беше одбиена од Ден Харли, тренерот на Универзитетот во Конектикат.
Она што го цени и раководството на Лејкерс е односот на Редик со Леброн Џејмс. Двајцата се пријатели, а заедно водати поткаст кој е исклучително популарен. дс
Фото: Принтскрин