• сабота, 23 ноември 2024

Џачка: Неиспровоцирани насилни напади против КФОР и медиумите, неприфатливи

Џачка: Неиспровоцирани насилни напади против КФОР и медиумите, неприфатливи

Тирана, 29 мај 2029 (МИА) - Албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка реагираше за  ситуацијата на северот на Косово, оценувајќи дека " неиспровоцираните насилни напади врз силите на КФОР и медиумите  се неприфатливи и мора веднаш да бидат прекинати“.

- Ја изразуваме нашата целосна поддршка за КФОР и посакуваме брзо закрепнување на повредените војници. Во овој момент клучна е деескалацијата на создадената состојба, стои во реакцијата.

Шефицата на албанската дипломатија подвлекува дека „дијалогот со посредство на ЕУ е патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и заемно признавање што ќе обезбеди трајна стабилност во нашиот регион“. вт/

Остани поврзан