• понеделник, 23 декември 2024

Џачка негира дека платеници од Албанија војуваат на страна на Украина 

Џачка негира дека платеници од Албанија војуваат на страна на Украина 
Тирана, 4 март 2022 (МИА) - Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, ги отфрли информациите дека албански платеници се упатуваат во Украина. Според министерката, тоа е лага создадена од Москва, нагласувајќи дека Албанија стои до Украина и ќе продолжи да работи со сите сојузници и партнери за да помогне да се стави крај на руската агресија. - Во Украина нема албански платеници. Ова е лага која Москва без срам продолжува да ја повторува. Велам дека Албанија стои до Украина и ќе продолжи да работи со сите сојузници и партнери за да помогне да се стави крај на неиспровоцираната агресија на Русија против народот на Украина. Господ да ги благослови, истакна Џачка. Москва тврди дека „платеници“ од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина се испраќаат да се борат заедно со украинските сили против проруските бунтовници. Официјални лица од Албанија, Косово и БиХ ги негираа наводите изнесени минатата недела од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Албанија со закон го забрани учеството на свои граѓани, како војници во други земји. Кривичниот законик за учесниците во воените дејствија во странска држава предвидува казна затвор во траење од 10 до 15 години. вт/ми/

Остани поврзан