• недела, 09 март 2025

Њујорк Тајмс: Стејт департментот планира затворање на дипломатски мисии и отпуштање на вработени во странство

Њујорк Тајмс: Стејт департментот планира затворање на дипломатски мисии и отпуштање на вработени во странство

Њујорк, 7 март 2025 (МИА) - Американскиот Стејт департмент подготвил планови за затворање на десетина конзулати до почетокот на летото, јави Њујорк Тајмс, повикувајќи се американски официјални претставници.

Стејт департментот разгледува опции да затвори и дополнителен број мисии, пишува весникот.  Меѓу десетината конзулати што ќе бидат затворени, главно ќе бидат затворени оние во Западна Европа, според тројца официјални претставници запознаени со меморандумот што кружи во Стејт департментот, се додава во извештајот.

Според весникот, ќе бидат отпуштени од работа и голем број локални лица во дипломатските мисии на САД во странство.

Изгледите за големи намалувања на бројот на вработени веќе предизвикаа загриженост во ЦИА. Мнозинство тајни американски разузнавачи работат надвор од амбасадите и конзулатите, претставувајќи се како дипломати, а затворањето на дипломатски места ќе ги намали опциите на ЦИА за тоа каде да ги позиционира своите шпиони, наведува Њујорк тајмс.

Околу 700 вработени - од кои 450 дипломати со долгогодишно искуство - поднеле документи за напуштање на работата во првите два месеца од оваа година, рече претставник од Стејт департментот. Тоа е неверојатна стапка: пред 2025 година, околу 800 луѓе даваа оставки во текот на цела година.ссм/

фото: архива

Остани поврзан