• вторник, 03 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јунајтед најде замена за Андре Онана

Јунајтед најде замена за Андре Онана

Манчестер, 22 април 2025 (МИА) - Раководството на Манчестер Јунајтед сака да привлече нов голман на лето. Штабот на „црвените ѓаволи“ веќе има и фаворит за оваа позиција, кој ќе треба да го замени Андре Онана. Камерунецот не успеа да ја оправда големата доверба што му беше укажана и често се соочува со критики од навивачите во текот на сезоната.

Според шпекулациите во Англија, Јунајтед се поврзува со трансфер на голманот на Порто, Диого Коста. Скаутите на клубот веќе ги следеле настапите на голманот во живо.

Проценките во моментов се одлични и клубот најверојатно ќе тргне во офанзива за неговиот потпис по крајот на сезоната.

Сепак, трошокот ќе биде прилично голем за „црвените ѓаволи“. Се вели дека Порто одредил цена од 65 милиони евра за својот прв голман. дс

Фото: Архива

Остани поврзан