• среда, 25 декември 2024

Јунајтед без Кавани и Марсијал на клучниот дуел со Лајпциг во ЛШ

Јунајтед без Кавани и Марсијал на клучниот дуел со Лајпциг во ЛШ
Манчестер, 7 декември 2020 (МИА) - Двајца напаѓачи на Манчестер јунајтед ќе го пропуштат решавачкиот натпревар со Лајпциг во рамките на 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Единсон Кавани и Ентони Марсијал нема да одат во Лајпциг. Тие имаат „полесни повреди“, според главниот тренер на тимот, Оле-Гунар Солскјер. Да потсетиме дека средбата е закажана за в среда. Лајпциг и Манчестер јунајтед имаат по 9 бода, исто како и ПСЖ, кој се среќава со Башакшехир од Истанбул. зс/

Остани поврзан