• сабота, 23 ноември 2024

Јувентус ќе слуша понуди за Киеза

Јувентус ќе слуша понуди за Киеза

Торино, 17 април 2024 (МИА) - Раководството на Јувентус летово ќе слуша понуди за својот фудбалер Федерико Киеза, но ќе се обиде да го продолжи договорот со него по 2025 година.

Како што пишува „Тутоспорт“, Киеза не е целосно задоволен од статусот во тимот, што се виде по неговата реакција кога беше заменет на саботниот натпревар против Торино (0:0) и соработката со тренерот Масимилијано Алегри.

Неговиот договор истекува во 2025 година, а „Тутоспорт“ објави дека официјалните разговори за нов договор не се започнати и дека двете страни ги разгледуваат сите опции.

Раководството на торинскиот клуб ќе ги слушне понудите за Киеза, за кој наводно се заинтересирани Ливерпул и Њукасл. „Црно-белите“ летово ќе мора да го продадат напаѓачот доколку тој одбие да потпише нов договор.

Јувентус нема добиено никаква официјална понуда за 26-годишниот фудбалер, кој оваа сезона постигна осум гола на 29 натпревари во сите натпреварувања.дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан