Јувентус сака да го врати Конте
- Повеќе извори потврдуваат дека Јувентус го избрал Антонио Конте за свој нов тренер следната сезона, надевајќи се дека ќе го намамат назад од Наполи.

Торино, 16 мај 2025 (МИА) - Повеќе извори потврдуваат дека Јувентус го избрал Антонио Конте за свој нов тренер следната сезона, надевајќи се дека ќе го намамат назад од Наполи.
Неговото име се споменуваше како кандидат неколку месеци, но евентуалниот неуспех во квалификациите за Лигата на шампионите и проблемите на Конте во Наполи со претседателот Аурелио Де Лаурентис ја доведоа оваа идеја во преден план.
Експертот на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио, Орацио Акомандо на ДАЗН и шефот на „Спортиталија“, Алфредо Педула се уверени дека Конте е избор број еден на Јувентус.
Конте (55) сè уште го сака Јувентус и неговото враќање би било емотивно за некој што веќе е култен лик - и како играч, и како тренер.
Стручњакот сè уште има дом во Торино со своето семејство, па затоа би можел веднаш да започне со работа.
Неговиот тренерски мандат во Јувентус траеше од 2011 до 2014 година, освојувајќи три последователни титули во Серија „А“.
Постојат неколку различни индикации дека Јувентус се обидува да подготви терен за негово враќање, вклучувајќи го и обидот да го доведе неговиот поранешен фитнес тренер Антонио Пинтус, кој моментално е во Реал Мадрид. дс
Фото: Архива