• сабота, 23 ноември 2024

ЈП „Паркови и зеленило“ спроведува акција за расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации во Скопје

ЈП „Паркови и зеленило“ спроведува акција за расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации во Скопје
Скопје, 6 март 2022 (МИА) - По обилните снежни врнежи екипите од Секторот дрвореди на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје  во текот на целата ноќ работеа на расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации низ градот. Како што информираат од Град Скопје, предност во расчистувањето имаат дрвјата паднати врз коловози заради обезбедување на непречено одвивање на сообраќајот. - Екипите досега интервенираа на улиците „Цицо Поповиќ“ бр. 5 , „Мирослав Крлежа“, „Загребска“ бр. 28 кај црквата „Св. Јован“, „Лазар Личеноски“ и „Димитрија Чуповски“, како и на  булеварот „Теодосие Гологанов“. Поради постојаните дојави за паднати дрвја и гранки кои ги добиваат службите од граѓани екипите од Градот Скопје со ЈП „Паркови и зеленило“ продолжуваат со расчистување на теренот и во текот на денешниот ден, велат од Град Скопје. Пријави за паднати дрвја, како што посочуваат, има и на булеварите „Јане Сандански“ и „АСНОМ“ и улиците „Димче Митрев“, „Петре Филиповски“, „Лазар Поп Трајков“,  „Васил Ѓоргов“, „Методија Митевски“, „Коста Новаковиќ“, „Јордан Мијалков“, „Драгиша Мишовиќ“, „Анастас Митров“ и „12 Македонска бригада“ и по нив екипите постапуваат. Градот Скопје апелира до граѓаните поради обемноста на снегот да внимаваат при паркирање на своите возила под дрвја, за да ги избегнат потенцијални штети кои би можеле да настанат. вј/сп/

Остани поврзан