• среда, 27 ноември 2024

ЈО: Истражна постапка против битолчанец за загрозување на сигурноста на јавни обвинители и дипломати

ЈО: Истражна постапка против битолчанец за загрозување на сигурноста на јавни обвинители и дипломати
Скопје, 2 февруари 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 56-годишен битолчанец, осомничен за кривичното дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ од член 420 став 4 во врска со став 1 и две кривични дела „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. - На 11.12.2021 година во рачно напишано писмо на англиски јазик, осомничениот се заканил дека ќе го убие Габриел Ескобар, помошник секретар во Стејт департментот на САД за надзор на политиката во државите на Западен Балкан, како и други американски дипломати. Писмото го адресирал до Амбасадата на САД во Скопје и истиот ден го испратил по редовна пошта преку АД Пошта на Северна Македонија - подружница ЦРПС Прилеп, информираат од Jавното обвинителство на Република Северна Македонија. Истиот осомничен, како што посочуваат од Јавното обвинителство, во периодот од 20.12.2021 до 22.12.2021 година, во два наврати, преку рачно напишани писма на англиски јазик, упатил сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на службено лице во вршењето на службата и ја загрозил сигурноста на оштетената Вилма Русковска, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. - Двете писма ги испратил по редовна пошта преку АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, при што првото го адресирал до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, а второто до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. На 17.01.2022 година осомничениот упатил сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на службено лице во вршењето на службата и ја загрозил сигурноста на оштетениот Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Во писмо адресирано лично до оштетениот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и испратено преку редовна пошта во АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Битола, осомничениот упатил директни закани по живот., се вели во соопштението Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Прилеп доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, за кого постои опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​​ Претходно денеска, МВР соопшти дека е проведен С.З. (56) од Битола под обвинение за „загрозување на сигурноста“ затоа што е осомничен дека испратил заканувачки писма до држаавниот јавен обвинител Љубомир Јовески, до обвинителката Вилма Рускоска и до една странска амбасада во Скопје. фф/сп/

Остани поврзан