• петок, 15 ноември 2024

ЈКП „Стандард“-Дебар апелира на рационално користење на водата за пиење

ЈКП „Стандард“-Дебар апелира на рационално користење на водата за пиење
Дебар, 8 јули 2022 (МИА) – Јавното комунално претпријатие „Стандард“, кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, по појавата на злоупотреба на водата за пиење, упати апел до граѓаните рационално да ја користат. -Апелираме до корисниците, во овој период на високи температури, да бидат повнимателни и посовесни и да покажат хуманост и рационалност во насока на користење на водата за пиење. Во главниот резервоар во градот пристигнува доволна количина за задоволување на потребите, но поради се позачестената појава на злоупотреба, ќе бидеме принудени да воведуваме рестрикции, изјави Бурим Каба, директор на „Стандард“. Додава дека строго се забранува полевање на земјоделски и други површини, миење моторни возила, полнење базени и бунари за рекреативни цели и други дејствија поврзани со трошење на вода за пиење за други намени. -Кориснците кои нема да се придржуваат на апелот ќе бидат исклучени од водоводната мрежа, согласно член 33 од Законот за водоснабдување, со цел да се обезбеди вода за сите корисници кои редовно ги намируваат сметките и рационално ја користат водата. Се надеваме на искрена соработка и покажана хуманост, посочува Каба. Во изминатите години, токму поради масовната злоупотреба на водата за пиење, во градот имаше повеќечасовни рестрикции. вт/дма/

Остани поврзан