• среда, 25 декември 2024

Јеронимос за истополови бракови: Секој човек има слобода да живее како сака, но нема да дозволиме промена на составот на општеството

Јеронимос за истополови бракови: Секој човек има слобода да живее како сака, но нема да дозволиме промена на составот на општеството

Атина, 15 декември 2023 (МИА) – Ја почитуваме слободата на луѓето да живеат како сакаат, но не може да се смени составот на општеството, рече поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос во интервјуто за телевизијата Антена, во однос на истополовите бракови и можноста за посвојување деца, јави дописничката на МИА од Атина.

За предлог-законот што го најави грчката Влада за истополовите бракови, архиепископот истакна дека црквата нема заземено став, тој го изразува неговото лично мислење и е категорично против можноста истополовите двојки да посвојуваат деца.

Објасни дека ќе го покрене прашањето на состанокот на Светиот Синод, но кога Владата ќе го донесе предлог-законот, тогаш ќе биде разгледан од сите цркви од цела Грција.

- Црквата секогаш верува во слободата на човекот. Не можеме еден човек да го принудиме и да му кажеме како да живее. Но, нема да дозволиме да се смени составот на општеството, истакна поглаварот на ГПЦ.

За посвојувањето се запраша „едно дете кое ќе има двајца татковци и две мајки, какви права ќе има?“.

Во однос на реакциите во Грција за новите биометриски лични карти објасни дека лично тој веќе извадил нова и посочи дека во неа постојат групи со затворен ум и „секој што не сака да биде во големото семејство може да си замине“. ср/паг/

Остани поврзан