Јермак: Украина проценува дека речиси 20.000 деца се киднапирани и испратени во Русија
- Украина проценува дека повеќе од 19.500 деца се киднапирани и илегално однесени во Русија од почетокот на руската инвазија на украинска територија, изјави шефот на канцеларијата на украинскиот претседател, Андриј Јермак.
Киев, 9 јануари 2024 (МИА) - Украина проценува дека повеќе од 19.500 деца се киднапирани и илегално однесени во Русија од почетокот на руската инвазија на украинска територија, изјави шефот на канцеларијата на украинскиот претседател, Андриј Јермак.
-Русија изврши ужасни злосторства во текот на нејзината војна против Украина, но депортацијата и насилното киднапирање на деца, нашите најранливи суштества, е едно од најгрозоморните злосторства против човештвото од Втората светска војна, рече Јермак.
Бројката се базира на податоците на ОН. За околу 3.900 од овие деца се вели дека се сираци или немаат родители. Јермак ја обвини Русија за систематско депортирање и преселување на украински деца. Ова е дел од државната политика за уништување на нивниот идентитет, нагласува Киев.
Москва одбива да и достави на Украина или на меѓународните институции информации за судбината на децата. Досега беше можно да се вратат украинските деца во нивната родна земја само во изолирани случаи.
Вчера беше формирана работна група која ќе ги обедини напорите на украинската влада, партнерските земји и меѓународните организации и ќе работи на враќање на децата во татковината. Таа има за цел да развие механизми за доброволно обединување на децата со нивните роднини и да помогне да се затворат празнините во меѓународното законодавство за заштита на децата. Заедно со Јермак, работната група ја предводи британската адвокатка и членка на Домот на лордовите, Хелена Кенеди. мс/
фото: МИА архива