• четврток, 03 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јермак: Украина е посветена на мировните напори на САД, благодарни сме за поддршката

Јермак: Украина е посветена на мировните напори на САД, благодарни сме за поддршката

Киев, 23 април 2025 (МИА) - Украина соопшти дека останува посветена на мировните напори предводени од САД, еден ден откако американскиот потпретседател Џ.Д. Венс се закани дека ќе се повлече од преговорите доколку наскоро не се постигне договор.

„Нагласивме дека сме посветени на мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп“, изјави Андриј Јермак, советник на украинскиот претседател, по разговорите во Лондон со претставниците на сојузничките земји.

- Ние сме им благодарни на нашите партнери за нивната силна поддршка и заедничката желба да се заврши војната што е можно поскоро, додаде тој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан