• сабота, 23 ноември 2024

Јајага на состанок на Контакт – групата за Украина преку видео-конференциска врска

Јајага на состанок на Контакт – групата за Украина преку видео-конференциска врска

Скопје, 14 февруари 2024

Заменикот министер за одбрана Тирон Јајага денеска учествуваше на виртуелниот состанок на Контакт – групата за Украина, каде уште еднаш беше потврдено единството на сојузниците во поддршка на Украина.

На состанокот заменикот министер Јајага истакна дека Северна Македонија има јасен став во однос на земјата која го брани својот суверенитет и територијален интегритет, а со тоа го брани и меѓународниот поредок базиран на правила и принципи.

„Северна Македонија има јасен и недвосмислен став – руската агресија која предизвикува човечки страдања и огромно уништување мора да запре. Заедно со сојузниците остануваме на ставот дека ќе ја поддржуваме Украина додека е потребно“, рече заменикот министер.

Јајага посочи дека досега се донесени 12 одлуки за воена и хуманитарна помош и дека украински војници реализираа обука на најголемиот армиски полигон, Криволак.


Министерство за одбрана

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан