• вторник, 24 декември 2024

ЈАР посредува за враќање на депортираните украински деца од Русија

ЈАР посредува за враќање на депортираните украински деца од Русија

Киев, 21 ноември 2024 (МИА) - Јужноафриканската Република (ЈАР) соопшти дека ќе посредува за враќање на украинските деца кои руските сили ги депортирале за време на војната. Иницијативата е дел од програмата „Bring Kids Back UA“ (Вратете ги децата во Украина) на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На конференција одржана во Преторија на Светскиот ден на децата, украински претставници истакнаа дека депортацијата на деца претставува злосторство против човештвото и повикаа на глобален одговор.

ЈАР ќе соработува со Ватикан и Катар во овие напори, а досега се вратени 1.012 од вкупно 19.546 деца кои Русија ги преместила или депортирала од почетокот на војната. ссм/

фото: архива

Остани поврзан