• сабота, 23 ноември 2024

Јапонскиот инструктор Сенсеи Коичиро Окума 7 дан утре доаѓа во Скопје

Јапонскиот инструктор Сенсеи Коичиро Окума 7 дан утре доаѓа во Скопје

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Јапонскиот инструктор Сенсеи Коичиро Окума 7 дан утре ќе допатува во Скопје. Тој во македонската престолнина доаѓа од Токио - седиштето на Јапонската Карате Асоциација.

Окума од 9-13 ноември ќе одржи карате семинар во салите на Карате клуб Работнички и Будо центарот Недеви.

- Тој исто така за сите љубители на карате спортот ќе одржи тренинг и во олимпискиот центар Јане Сандански каде ќе биде примен и од страна на претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, информираат од МТКФ.

Сенсеи Окума исто така по повод 13 Ноември ќе биде гостин и на Универзитетот Скопје каде ќе биде награден од страна на Ректорот, г-дин Аце Миленковски.

Последниот ден од неговата посета Сенсеи Окума заедно со челниците на МТКФ, Венцислав и Дејан Недев ќе имаат прием и во Јапонската амбасада од страна на амбасадорот Касуја Отсука. зс/

Остани поврзан