• сабота, 23 ноември 2024

Јанушев: СДСМ води политика на поделби и недемократски вредности

Јанушев: СДСМ води политика на поделби и недемократски вредности
Скопје, 7 декември 2020 ВМРО-ДПМНЕ најжестоко го осудува говорот на омраза, лиферуван од експоненти на власта. Нивото на жестината на ваквиот говор на омраза, ксенофобија и ширење на антисемитизам, е големо затоа што позади него се крие власта, СДСМ и Зоран Заев. СДСМ води политика на поделби и политика на недемократски вредности. Токму затоа Економист ја прогласи земјата за хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим. Власта како свои миленичиња ги третира сите оние кои сеат омраза врз политичките противници и тие луѓе се заштитени бели мечки, било тоа да е Тричковски или некој друг. Политиката на поделби на Заев не носи во амбис. Станавме земја со хибриден режим, и за жал Заев од држава која почива врз антифаштистичките вредности и која е градена врз таа идеологија не претвора во неславен пример систем кој поддржува антисемитизам и говор на омраза кој не смее да се толерира. Ваквите галеничиња на СДСМ кои тоа го прават, кои го фалат Заев во секоја прилика и целата власт со години се толерирани од институциите. ЈО со години молчи и не презема ништо. Ги повикуваме обвинителите во Јавното Обвинителство, кои држат до себе, до законот и професијата, и не се под шапката на Јовевски и хибридниот режим на Заев, да отворат постапка против ваквите луѓе. Очекуваме институциите да реагираат. Говорот на омраза не смее да биде толериран. До кога во оваа држава, без разлика дали се работи за некој од ВМРО-ДПМНЕ или друга партија, ќе биде толериран за говор на омраза. Секојдневно жртви се не само политички личности туку и медиуми кои се етикетираат, новинари, јавни личности, уметници, поединци. Го повикувам и ЗНМ да се огради и да го осуди ваквиот говор на омраза. Говорот на омраза не е сила, тоа слабост зад кој стои страв. Сето ова го покажува стравот кој СДСМ го има од претстојниот пораз, па во паника се закануваат, заплашуваат и шират говор на омраза. Поразот на СДСМ е неминовен и тој доаѓа на 12 април. Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан