• сабота, 23 ноември 2024

Дебата: Јавните службеници треба да се носители на модернизација на општеството, во спротивно тоа нема да може да се движи напред

Дебата: Јавните службеници треба да се носители на модернизација на општеството, во спротивно тоа нема да може да се движи напред

Скопје, 6 септември 2023 (МИА) - Јавната администрација треба да биде атрактивна за најдобрите и најсоодветно обучени студенти, а не да биде гледана како место за сигурна плата и закочена од некомпетентни луѓе. Јавните службеници треба да се носители на модернизацијата на општеството и постојано да се надградуваат и обучуваат, зошто во спротивно тоа нема да може да се движи напред.

Ова го порачаа учесниците на денешната кафе дебата „Улогата на правото и владеење на правото: Доброто владеење како идеја и како практика“, во организација на Европско движење Северна Македонија (ЕММК).

Пратеничката од СДСМ и претседателка на Законодавно-правната комисија на Собранието Снежана Калевска Ванчева, потсети дека според античките филозофи добрата власт владее во интерес на граѓаните, а лошата во интерес на властодршците и во овие 30 години, како што рече, ние сме тука некаде на средина.

null

- Тоа е нешто што ни е рак рана. Општ е впечатокот дека институциите не ни функционираат, но тоа што е позагрижувачки е што никако да го најдеме рецептот како тие да ги исполнуваат своите очекувања и работат во интерес на граѓаните, изјави Ванчева.

Одговорот, посочи Ванчева, не е воопшто едноставен, но имаме збир на повеќе причини и за жал тоа што се случува во образовниот процес укажува дека се повеќе млади сакаат да си заминат, а имаме се повеќе луѓе што не се доволно компетентни по институциите.

- Имате со месеци не носење одлуки и тоа укажува на немање компетентност или нешто друго, што е особено загрижувачко.
Не е нормално за се да треба нешто да поттурнете или фатите врски. Тоа не е нормално и сите треба да почнеме кон тоа така да се однесуваме. Се додека е таков пристапот ќе збориме дека немаме капацитет за владеење на правото, изјави Ванчева.

Францускуот експерт за реформа на јавната администрација Франсоа Лафонд нагласи дека реформата на јавната администрација е особено важна, бидејќи државата треба да обезбеди услови за јавните службеници да бидат од најдобрите и најсоодветно обучени студенти, бидејќи тие се носители на модернизацијата на општеството и во спротивно тоа нема да може да се движи напред.

Атрактивноста на јавната служба е еден од елементите за тоа, да се покаже на јавноста и младите дека тиа се едни од најдобрите. Да се покаже дека јавните службеници се агенти за трансформација на општеството. И ако тоа го разберат, тоа е во насока на поголема атрактивност. Па така, како што климатските промени се повеќе се во фокусот, неодамна претседателот Макрон започна реформа и се осигура дека сите јавни службеници ќе поминат обука за тоа, изјави Лафонд.

null

Реформата на јавна администрација, нагласи тој е клучен елемент за модернизација на државата и јавните службеници мора да имаат поминато низ соодветна обука и тренинг.

- Вашата администрација е на 40 проценти модернизирана и усогласена со европското законодавство, што е нешто над нивото на земјите од Западен Балкан но треба да обезбедите дека јавните службеници постојано ќе се соодветно обучени. Тоа е нешто што треба политичарите да го разберат и обезбедат, преку соодветни училишта и агенции, изјави Лафонд.

Директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, смета дека политизацијата и имањето на „султан партии" ги извртува работите наопаку и еден од клучните проблеми.

Зошто 20 министерства, а не 16. Зошто толку многу луѓе што не работат ништо. Затоа корупцијата е толку широко распространета. Има многу работи што треба да се направата, но по 40 години искуство сметам дека нема политичка волја за тоа, посочи Кржаловски.

null

Професорката од правен факултет и координатор на работната група 3 за Правосудство и основни права Александра Деаноска Трендафилова, посочи дека владеењето на правото, што подолг период е сериозен предизвик за нашата држава, не треба да се гледа како дел од рамки и стратегии, туку како вредност на живеење.

Доброто владеење е потчинување на правото и правните норми. Тоа треба да биде наше секојдневие, наша матрица и работна етика. Сите се еднакви пред правото и градењето доверба меѓу граѓаните и институциите е особено важна, изјави Трендафилова. ра/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан