• недела, 22 март 2026

Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

Скопје, 21 март 2026 (МИА) - На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип вчера (20.03.2026) во 17:20 часот од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило „голф“ со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Како што соопшти МВР, против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.

Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. ев/

ФОТО: Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан