• среда, 27 ноември 2024

Јавна дебата „Разбистри се“ за новиот предлог на Законот за минерални суровини

Јавна дебата „Разбистри се“ за новиот предлог на Законот за минерални суровини
Скопје, 14 септември 2021 (МИА) - Јавна дебата „Дали новиот предлог на Законот за минерални суровини максимално ја штити животната средина?“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС). Јавната расправа се организира во рамки на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“, а на неа, како што е најавено од организаторот, ќе зборуваат еко активистите Лилјана Поповска од Зелен институт, Татјана Чакулев од О2 иницијатива, Ѓорѓи Танушев од Здрава котлина и Кoстадин Ристоманов од Еко долина. Од ИКС, информираат дека забелешките од јавната расправа ќе бидат испратени до пратениците, за да ги поднесат како амандмани на предложениот законски текст во собраниската постапка, бидејќи како што велат, предлагачот на законот Министерството за економија не реализирало јавна расправа, а Предлог-законот за минерални суровини е ставен на дневниот ред на денешната седница на Собранието, со европско знаменце. Кампањата „Разбистри сè“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје. аа/са/

Остани поврзан