• понеделник, 02 септември 2024

Јавната локална библиотека „Илинден“ со низа активности по повод Светскиот ден на книгата и авторското право

Јавната локална библиотека „Илинден“ со низа активности по повод Светскиот ден на книгата и авторското право
Делчево, 21 април 2022 (МИА) - Во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево со низа активности е одбележан 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право. Во рамки на настанот, како што информираше директорката Биљана Петровска, библиотека ги избра читателите на годината. -Традиционално на овој ден, ЈЛБ „Илинден“ во чест на  двајцата великани на светската книжевност Вилијам Шекспир и Мугуел де Сервантес, кои со своите  дела го задолжија човештвото, избира читател на годината. И овој пат избравме најчитатели од различна возраст. Титулата читател на годината ја понесоа Виолета Атанасовска, Елена Димитровска и од најмалите Теодора Митевска и Маринела Захариевска. Честитки до сите нив, посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели, рече Петровска. Во рамки на настанот во соработка со Комисијата за еднакви можности и родова еднаквост при општина Делчево, библиотеката организираше и трибина на тема авторско право. -На трибината учествуваа Сузана Петровска од Комисијата за еднакви можности, а стручно обраќање на тема „Авторско право“ имаше Катерина Антовска, магистрант по авторско право, која имаше прекрасно излагање за авторското право кое подоцна создаде плодна дебата, додаде Петровска. На крај на настанот МИА заедно со локални и регионални медиуми доби благодарница за досегашното редовно покривање на сите активности што ги реализира делчевската библиотека. вс/вј/    

Остани поврзан