• четврток, 20 февруари 2025

Јавен повик на Општина Велес до корисници на гарантирана минимална помош и невработени за извршување на јавни работи

Јавен повик на Општина Велес до корисници  на гарантирана минимална помош и невработени за извршување на јавни работи

Велес,18 февруари 2025 (МИА) - Во тек е јавен повик на Општина Велес за ангажирање лица за извршување јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на Општина Велес, а врз основа на Програмата за активностите на општината во областа на заштита на животната средина во 2025 година.  Согласно планот за јавни работи за 2025 година изготвен од страна на надлежните служби, Општина Велес има потреба од 10 лица за извршување на јавни работи во времетраење од 10 месеци, а месечниот надоместок ќе изнесува 20 илјади денари со вклучен персонален данок за секое ангажирано лице. Јавниот повик трае до крајот на месецов.

Како што информираат од Општина Велес, ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од типот на чистење на улици, локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба.

Од Општина Велес потенцираат дека тие  преку овие активности им помага на луѓето кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, а овие активности се од интерес на целата локална заедница.

Право на учество на јавниот повик имаат лицата кои ги исполнуваат следните услови: корисници на гарантирана минимална помош, невработени лица и да се жители на територијата на Општина Велес. Документите треба да се достават до архива на Општина Велес.ад/

Фото: МИА архива

Остани поврзан