Ѓурѓај и Спахиу разговараа за проблемите на Македонците во Албанија
- Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, денеска во македонската амбасада во Тирана оствари средба со Љуфтим Спахиу, вршител на должноста, амбасадор.

Дебар, 4 август 2025 (МИА) - Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, денеска во македонската амбасада во Тирана оствари средба со Љуфтим Спахиу, вршител на должноста, амбасадор.
На средбата, која минала во срдечна атмосфера, присуствувал и Ендру Фетаху, потпретседател на единствената македонска партија во оваа земја, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
-На работната средба беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонското национално малцинство во Република Албанија. Македонскиот амбасадор даде поддршка во рамки на надлежностите за активностите на македонско друштво „Илинден“-Тирана и за македонското национално малцинство во Република Албанија, информираше Ѓурѓај.
Додава дека во знак на благодарност, во име на друштвото, на амбасадорот Спахиу му подарил мал сувенир - логото на друштвото. вт/вј/
Фото: МД „Илинден“