• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓи Кузмановски најстар учесник на релито „Независност-2021“

Ѓорѓи Кузмановски најстар учесник на релито „Независност-2021“

Кичево, 7 септември 2021 (МИА) - Од четиристотини мотоциклисти учесници на релито „Независност-2021“, кое по 30-ти пат се одржа во земјава, посебен белег му даде Ѓорѓи Кузмановски. Тој со своите 80 години беше најстариот учесник на релито и ова беше негово 26 учество. Покрај тоа што ги обожава мотоциклите, Кузмановски секојдневно вози и велосипед .

За сличностите и разликите на овие рели со претходните, Кузмановски вели дека има значаен напредок од организациски аспект, како и од се побројното учество на мотоциклисти од земјава и странство, и се поскапите мотоцикли .

-За разлика од почетните години, денес Релито независност  го карактеризираат се поскапите  и луксузни мотоцикли кои ги управуваат учесниците, како и се поголемиот број учесници од странство.Иако имам речиси полни 80 години, ова рели не ми е воопшто проблем да го извозам, иако сум свесен дека во трите дена треба да поминам цели 800 километри по разни друмови и и планински превои- вели Ѓорѓи и најави продолжување на  учеството на ова рели. И покрај поодминатата возраст, јас се додека ме служи здравјето ќе учествувам на ова рели и ќе бидам рамо до рамо со останатите и многу помлади колеги мотоциклисти, додаде ветеранот Кузмановски.

Тој посочи дека за добрата кондиција најголеми заслуги има секојдневното возење на велосипед.

- Јас секојдневно возам велосипед независно од временската состојба и нема ден да не поминам барем 10 километри а, како најдобра потврда дека сум во одлична здравствена состојба е и десетото учество на кружната трка околу Мавровското езеро во должина од 126 километри.Покрај на домашното рели, во девет наврати сум учествувал и на меѓународни рели натпревари во девет европски земји, заврши Кузмановски, кој и од страна на организаторот на релито доби специјално признание како најстар учесник.за/бт/

Остани поврзан