Ѓорѓиевски: Фискалната дисциплина на повисоко ниво, лани наплатени една милијарда даноци, од кои 70 отсто по преземањето на градската администрација
- Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска истакна дека во текот на 12 месеци од минатата година се наплатени една милијарда денари по основа на даноци, од кои речиси 70 проценти се во месеците по преземањето на градската администрација. Одговарајќи на советнички прашања на десеттата седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот истакна дека фискалната дисциплина е на многу повисоко ниво.
Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска истакна дека во текот на 12 месеци од минатата година се наплатени една милијарда денари по основа на даноци, од кои речиси 70 проценти се во месеците по преземањето на градската администрација. Одговарајќи на советнички прашања на десеттата седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот истакна дека фискалната дисциплина е на многу повисоко ниво.
- Општо познато во јавноста е дека наплатата на даноците со години се одвиваше слабо, а имало и години кога по ова прашање имало вистински крах. Во текот на 12 месеци од минатата година наплатени се една милијарда денари, од кои речиси 70 проценти се во месеците по преземањето на градската администрација. Тоа значи дека фискалната дисциплина е на многу повисоко ниво. Во таа насока следуваа и блокадите што ги направивме во согласност со законот, како и апел до граѓаните да ги намират навремено обврските за 2022, 2023 и за 2024 година со цел да не дојдеме во состојба, во согласност со законот, за изминатиот период да мораме да блокираме сметки - истакна Ѓорѓиевски одговарајќи на прашањето поставено од советничката Магдалена Забазановска од ВМРО-ДПМНЕ за тоа како се движи наплатата на даноците.
Ѓорѓиевски нагласи и дека во наредниот период во соработка со УНДП се работи на репроцена на данокот на имот. Нагласи дека тоа ќе биде обемна операција, која не може да се заврши преку ноќ, но очекувањата се дека ќе донесе дополнителни над 30 милиони евра годишно по основа на даноци. Појасни дека во текот на оваа операција ќе се изведе вкрстување на базите со Агенцијата за катастар на недвижностите. Први општини во кои ќе се спроведува се Карпош и Центар бидејќи, како што посочи Ѓорѓиевски, според анализите, утврдено е дека таму има најмногу разлики кај даноците, потоа репроцената ќе се спроведе во сите општини.
- Разликата во наплатата е сериозна. Имало години кога по основа на даноци како приход пристигнувале 233 милиони денари наспроти една милијарда што ја собравме во изминатиот период. Тоа ќе биде моментот кога значително ќе се зголеми финансиската стабилност на градот заедно со репроцената на данокот на имот - нагласи градоначалникот на Скопје. ац/са/
Фото: Град Скопје