• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓиевски: Првпат Градинар добива мултифункционално игралиште

Ѓорѓиевски: Првпат Градинар добива мултифункционално игралиште

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Првпат досега, Градинар добива мултифункционално игралиште на површина од над 1100m2. Во ова населено место каде претходно Општина Кисела Вода ги обнови улиците и изгради фекална канализација, сега се гради нов простор за спорт и рекреација, изграден по сите современи стандарди. Ќе може да се игра фудбал и кошарка, за децата има катче за игра, а за повозрасните ова ќе биде место за одмор и дружењем информираат од Општина Кисела Вода.

-Се работи за градежен зафат кој на младите, но и на возрасните од овој дел на општината ќе им обезбеди безбеден и современ простор за спорт и рекреација. На новото мултифункционално спортско игралиште со површина од 1100 квадратни метри, ќе има и детско катче опремено со нови реквизити, фудбалско и кошаркарско игралиште, простор за одмор за возрасните и урбана опрема која дополнително ќе го разубави овој простор. Со други зборови, за многу брзо време од сега, жителите на Градинар ќе добијат простор за одмор, за рекреација и спортување, изведен по сите современи стандарди, изјавил градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. 

Тој додал дека претходно биле обновени улиците и била изградена фекална канализациска мрежа. Во целата општина, потенцирал Ѓорѓиевски, се решаваат децениски проблеми со цел во целост да се смени имиџот на Кисела Вода која, како што рекол,  во минатото била синоним за лоша инфраструктура и за негрижа на одговорните. сст/са/

фото Кисела Вода

Остани поврзан