• сабота, 23 ноември 2024

Ѓорческа се пласираше во финале во двојки на турнирот во Љубљана

Ѓорческа се пласираше во финале во двојки на турнирот во Љубљана

Љубљана, 14 септември 2024 (МИА) - Maкедонската тенисерка, Лина Ѓорческа со својата партнерка Џил Тајхман ќе игра финале во двојки на ВТА Челинџер турнирот во Љубљана кој е со награден фонд од 100.000 евра.

Во денешното полуфинале, Ѓорческа и Тајхман беа подобри од Естел Касино (Франција) и Анастасија Детиук (Чешка) откако победија со 2-0 во сетови (6-1, 6-2). 

Натпреварот траеше само 58 минути.

Нашата тенисерка и нејзината партнерка од Швајцарија ќе играат со Ромеро Гормаз (Шпанија) и Нурија Бранкачо (Италија) за трофејот од турнирот. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан