• среда, 25 декември 2024

Ѓоковиќ за победата над Манарино: Првите два сета беа едни од најдобрите по долго време

Ѓоковиќ за победата над Манарино: Првите два сета беа едни од најдобрите по долго време

Мелбурн, 21 јануари 2024 (МИА) – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ги сподели емоциите откако го совлада Французинот Адријан Манарино во четвртото коло на Австралија опен - 6:0, 6:0, 6:3.

По овој меч, Ѓокови се искачи на второто место по бројот на сетови без изгубен гем на Грен слем турнирите.

- Адријан е многу необичен играч, секогаш е тешко со него. Тој одлично ги користи аглите и има еден од најрамните, најконстантните бекхендови на турнеја. Натпреварите со него се секогаш како мачка и глушец, па морав да трпам долги размени и да го бркам низ теренот - што и го направив. Генерално одлична изведба. Првите два сета беа едни од најдобрите по долго време. Последните неколку дена работите се одвиваат многу добро - и на здравствен и на тениски план. Многу ми е мило, изјави Ѓоковиќ по натпреварот. 

Во четвртфиналето на Австралија опен, Србинот ќе игра против Тејлор Фриц (САД), кој во осминафиналето го победи Гркот Стефанос Циципас. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан