• петок, 04 октомври 2024

Шумски пожари им се закануваат на 30 градови во бразилската држава Сао Паоло

Шумски пожари им се закануваат на 30 градови во бразилската држава Сао Паоло

Сао Паоло, 24 август 2024 (МИА) - Бразилската покраина Сао Паоло соопшти дека шумски пожари им се закануваат на 30 нејзини градови, додавајќи дека две лица загинале во фабрика.

Градовите се погодени од суво и топло време во изминатите денови, се вели во соопштението на владата, кое исто така предупреди дека шумските пожари може брзо да се шират поради налетите на ветрот, потенцијално уништувајќи големи површини со природна вегетација.

Досега владата не извести дека пламените јазици директно стигнале до градот Сао Паоло, најнаселениот град во Јужна Америка со повеќе од 11 милиони жители.

Сепак, локалните медиуми објавија дека густ чад е видлив над на главниот град на државата.

Владата објави дека двајца вработени во индустриска фабрика во градот Урупес загинале во петокот додека гаснеле пожар, без да даде дополнителни детали.зш/
фото илустрација ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан