• понеделник, 23 декември 2024

Штутгарт го продолжи договорот со тренерот за кој интерес покажуваат Баерн и Леверкузен 

Штутгарт го продолжи договорот со тренерот за кој интерес покажуваат Баерн и Леверкузен 

Штутгарт, 8 март 2024 (МИА) - Раководството на германскиот тим Штутгарт соопшти дека го продолжиле договорот со тренерот Себастијан Хeнес.

Актуелниот договор на стручњакот беше до 2025 година, а новиот договор на Хенес е до крајот на сезоната 2026/27.

Претходно медиумите во Германија објавија дека за Хенес имало интерес од Баерн и Леверкузен.

Себастијан Хенес одлично си ја врши работата со тимот на Штутгарт. Кога тој стана тренер на тимот во април 2023 година, „швабите“ беа на дното на табелата во Бундеслигата.

Сепак, тимот во моментов го зазема третото место во тековниот поредок, со собрани 50 бода по 24 кола и е на само 4 од второпласираниот Баерн Минхен. дс

Фото: Твитер/Штутгарт

Остани поврзан